Ја излечи повредата со пијавици и му донесе финале на Келце!

Еден од најдобрите ракометари во полскиот првак Келце на полуфиналето со ПСЖ беше пикерот Артем Каралек.

Тој го повреди мускулот на ногата на финалето од Купот на Полска против Висла Плоцк и беше во трка со времето за настап на Ф4.

„Целиот лекарски тим ја третира мојата повреда. А јас се лечам со пијавици, повеќе пати во тек на денот“, изјави Каралек пред натпреварите за „Ехо Днија“.

Белорускиот пивот беше втор стрелец со шест гола во триумфот над ПСЖ со 25-24, иако прогнозите пред Ф4 не беа оптимистични за неговиот настап.

Пијавиците се почесто се користат во медицината, бидејќи по третманите со нив побрзо заздравува раната.