„Јас во целиот живот нема да заработам колку една плата на фудбалерите“

Репрезентативката на Русија и членка на Ростов Дон, Владлена Бобровникова преку социјалните мрежи упати критика кон фудбалерите на репрезентацијата на Русија.

Искусната ракометарка беше огорчена од огромните плати на руските фудбалери кои имаа лошо издание на Европското првенство и завршија на последното место во Б групата.

„За да разберете, фудбалерот Зобнин добива 26 милиони рубљи месечно. Јас нема да заработам во целиот мој живот колку една негова месечна плата”, напиша Бобровникова на Инстаграм.

Бобровникова моментално е на подготовки со репрезентацијата на Русија во Сочи. Русинките ќе ја бранат олимписката титула во Токио, а доколку ја освојат можеби ќе добијат висока парична награда од нивната ракометна федерација.