Јасмин стана неосвоива тврдина – Тиквеш го задржа плеј-оф курсот со триумф против Охрид

Ракометарите на Тиквеш дојдоа до победа од 25:23 против Охрид, а на овој дерби дуел кој беше максимално важен за двете екипи беа обезбеди три бода кои дефинитивно го задржуваат правецот кон плеј-офот на тимот од Кавадарци.

Стартот на средбата мина во израмнета игра. Охрид имаше расположени ракометари и голман кои одработеа добро на стартот. На моменти гостите беа и во водство така што успеаја да стигнат до предност, но тоа беше мало водство кое лесно беше анулирано од домашните.

Така беше до 23. минута кога резултатот беше 10:10. Тука домашните зацврстија во одбрана и успеаја да ги запрат налетите на гостите. Покрај тоа стигнаа и до три гола со кои на одмор заминаа со 13:10 така што имаа убава предност на паузата.

Вториот дел од натпреварот донесе интересна игра. Тиквеш тргна подобро во продолжението од средбата, но немаше зголемување на водството. Охриѓани успеваа да останат на негатива која им беше гаранција дека во продолжението ќе можат да се надигруваат.

Секој напад беше важен и мораше да биде одработен добро. Имаше малку грешки на двете страни, но речиси редовно разликата беше гол или два. Тиквеш имаше плус четири во отворањето на второто полувреме кога поведе со 15:11, но Охрид успеа да намали.

Според тоа како се движеа настаните односно како одминуваше времето сосема јасно беше дека тука во финишот може да има неизвесна завршница. Гостите намалија на еден гол негатива и беа во игра за барем бод, но при секое намалување домашните наоѓаа начин за погодок и враќање на плус два.

Во клучните моменти како и при бранењето на пеналите во првите десет минути од второто полувреме Велков му парираше на Брауновиќ, па голманите имаа свои моменти. Сепак, Велков беше поуспешен бидејќи Тиквеш успеа да дојде и до победа на овој натпревар што значи дека позицијата на Тиквеш е уште подобра во битката за плеј-оф.

На крајот од средбата попуштија нервите кај Младеновиќ кој очигледно имаше некои нерасчистени сметки со голманот Велков, па се обиде самиот да ги расчисти, но за среќа сè помина само со туркање и мала мешаница.

26 ноември 2021
25 - 23
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
26 ноември 2021 20:27 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2021/2022 26.11.2021 60'

Место

СЦ „Јасмин“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ТИКВЕШ 20141325Победа
ОХРИД1023Пораз

ТИКВЕШ 2014

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Марио Гичевцентрален бек00
4Марко Трајковскипивот00
9Орданчо Лазовлево крило00
10Стефан Дрогришкилев бек11
11Евгениј Темелкоскидесно крило04
12Марјан Велковголман00
13Борче Соколовцентрален бек00
16Александар Стојаноскиголман01
18Никола Стефановиќпивот04
19Дејан Гошевскидесен бек00
24Дарко Кондевлево крило15
26Ристо Окардовпивот00
33Димитар Коцевлево крило00
34Страхиња Симиќцентрален бек07
77Јане Јанчевцентрален бек13
96Стефан Трпчевскидесен бек00
 Вкупно 325

ОХРИД

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Јагош Брауновиќголман00
4Крсте Андоновскилево крило05
6Филип Кривокапиќцентрален бек00
8Наум Костовдесно крило00
10Филип Николовдесен бек13
11Мице Шилеговдесно крило08
12Христијан Коваческиголман00
13Славчо Шулески-00
14Михајло Младеновиќлев бек13
19Иван Тасескипивот00
21Филип Грубор-01
24Мартин Манасковлев бек00
35Николче Ристескилево крило00
44Стефан Додиќцентрален бек23
55Христијан Димитриескипивот00
77Алекса Милошевиќ-00
 Вкупно 423

Officials

Судии:Делегат:
НАЧЕВСКИ ЃОРЃИ
НИКОЛОВ СЛАВЕ
МЕТАЛАРИ КАМЕР

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515

Потег на денот: Мајсторијата на Кондев за печат на првото полувреме против Охрид (ВИДЕО)