Јанц не мрда од Барса – потпиша до 2028 година со европскиот првак!

Иако имаше актуелен договор, словенечкиот репрезентативец Блаж Јанц го потпиша новиот договор што му го понуди европсиот шампион Барселона.

Тој беше обврзан со каталонскиот гигант до 2024 година, а сега потпиша нов договор на уште четири сезони.

Тоа значи дека Јанц ќе остане во „Блауграна“ најмалку до 2028 година. Раководството на каталонците сега може да биде мирно бидејќи десната страна со Јанц и Гомез е обезбедена на долг рок.

Барса претходно ги продолжи соработките со Де Варгас, Циндриќ, Мем, Н’гесан, Макуц…