Ракометарките на Пелистер забележаа убедлив триумф во последното, 26 коло во Женската лига.
Битолчанки на домашен терен прославија победа со 44-27, а победникот беше решен уште по првиот дел кога беше 23-11.
Гостинките одржуваа резултатска рамнотежа во првите десетина минути кога беше 6-5, а потоа Пелистер се одлепи на 9-5, и до крајот само ја зголемуваше разликата.
За домаќинките, Драгана Милосављевиќ даде 13 гола, додека Марија Јануловска 12, а во составот на Кузман Вардар, се истакна Сандра Јовевска со седум погодоци.