Јанеска со одлична партија против Ускудар

Составот на Коњалти е минимално поразен од Ускудар Беледијеси со резултат 28:26 во натпревар од домашниот шампионат. На полувреме резултатот беше 13:9 за екипата на Ускудар.

Во главна улога на теренот беше интернационалката од Македонија, Моника Јанеска. Македонката одигра одличен натпревар, но нејзините осум голови беа недоволни за поволен резултат.

Екипата на Ускудар е кандидат за врвот во турскиот шампионат.

По денешниот пораз, Коњалти останува на осмото место на табелата со 12 освоени бодови. Следен предизвик за Јанеска и Коњалти е гостувањето за една недела кај истиот ривал.