Јанеска и Коњалти убедливи во градското дерби против Муратпаша

Македонската интернационалка Моника Јанеска одигра одличен натпревар во дресот на Коњалти во победата од 28:21 над Муратпаша. Во рамките од 11. коло во Супер лигата на Турција, Коњалти во градското дерби одигра одличен натпревар, откако имаше одлично второ полувреме бидејќи на крајот од првиот дел резултатот беше 10:9.

Јанеска беше една од подобрите на теренот и беше најефикасна во составот на Коњалти со седум постигнати голови.

Со последните две победи во низа, Јанеска и нејзините колешки имаат шанса да се најдат во најдобрите пет екипи во турскиот шампионат.

Следен предизвик за Јанеска и нејзиниот тим е составот на Измир. Добрата форма на Јанеска во последните неколку месеци може да биде и шанса за нејзино враќање во репрезентацијата на Македонија за квалификациите за бараж за Мундијалот  кој треба да се одржи во декември.