Јагуриновски – џокерот на Македонија: Нашата борбеност и желба беа пресудни!

Репрезентацијата на Македонија одигра одличен натправар во реваншот од бараж двомечот со Чешка и славеше победа 27:25 која носи ново учество на Мундијал.

Еден од подобрите ракометари особено во одлучувачките моменти беше Томислав Јагуриновски со три гола и изнуден седемерец во последниот напад. Десниот бек имаше свое видување на натперварот.

„Овој меч беше многу тежок, исто како и оној што го игравме во Чешка. Сите ја посакувавме оваа победа и многу се трудевме. Добро се подготвивме и дадовме се од себе. Нашата борбеност и нашата желба да одиме на Светско првенство беа пресудни“, изјави Јагуриновски после натпреварот.

Македонија противниците на Мундијалот ќе ги добие на 2. јули кога ќе биде одржана ждрепката.