Јагањац: Поради неверојатната публика во Битола победата е послатка

Хрватски Нексе забележа победа и во вториот натпревар против Е.Пелистер на гости во Битола, а во четвртфиналето овој тим го очекува натпревар против ГОГ Гудме.

Нексе го победи Еурофарм Пелистер со вкупни 51:47. Во Битола запишаа победа со еден гол разлика од 21:22. Халил Јагањац за „ртл“ по натпреварот истакна дека публиката во Битола за нив била дополнителен мотив.

„Голем натпревар е зад нас, да се победи екипа како Пелистер е голема работа. Навистина беше прекрасно да се игра пред полна сала и пред таква публика. Поради публиката бевме уште повеќе мотивирани и победата така е послатка“, истакна Јагањац.

Ракометарите на Нексе во тој натпревар против Еурофарм Пелистер изгледаа одлично, посебно во одбраната каде што реагираа правовремено и не дозволуваа пелистерци да се разиграат и да влезат во серија.