Ѕирнете во соблекувалната на ракометарите – се пееше „Оган под ѕвездите“ (ВИДЕО)

Големо славје следуваше помеѓу ракометарите откако Македонија ја победи Чешка со 27-25 и обезбеди пласман на Мундијалот во Полска и Чешка наредната година.

Во соблекувалната ракометарите го запеаа и познатиот македонски евергрин на групата Меморија – „Оган под ѕвездите“.

Со овој пласман на Светското првенство ќе потсетиме, Македонија обезбеди и 12. учество во низа на големите натпреварувања и 15. вкупно.

Ривалите на СП на Македонија ќе бидат познати на 2 јули.