Ѕирнете во соблекувалната: Лудо славје на вардарци среде Битола (ВИДЕО)

Вардар успеа да слави во фантастичната атмосфера во Битола во салата „Боро Чурлевски“ и така црвено-црните дојдоа на чекор од нова титула во домашното првенство.

Во Битола Вардар денес славеше со 23:26, а после триумфот следуваше голема радост на вардарци во соблекувалата. Еуфоријата што со победата на гости кај најголемиот ривал се вратија на врвот на табелата беше секако голема, па таква е и прославата.

До крајот на првенството има уште три кола и Вардар сам одлучува за својата судбина, со победа на трите натпревари титулата повторно ќе остане во Скопје.