Ѕвездата на Порто се сели во Бундес лигата

Еден од најдобрите ракометари на Порто и на португалската репрезентација, Андре Гомеш, од следната сезона ќе игра во Бундес лигата.

Гомеш потпиша договор на три сезони со амбициозниот проект на Мелсунген, со кој веројатно ќе добие шанса да игра во Лигата на Европа.

Левиот бек, чиј татко е поранешен бразилски фудбалер, ќе го има првото интернационално искуство, откако досега играше само за Брага и Порто.

Порто беше елиминиран од Лигата на шампионите, но Гомеш ќе има шанса со два трофеи да си замине оттаму, во Купот на Португалија и во шампионатот.