Ѓукиќ и Скубе со сменети улоги – Денеска против своите во „Јане Сандански“

Екипите на Вардар и Мешков Брест денеска го играат натпреварот од Групата Б во Лигата на шампионите, а тоа ќе биде дуел на кој и двата состави ќе имаат што да покажат. Посакуваат победа иако нема да биде воопшто лесно.

На овој дуел ќе има интересен момент на теренот откако средбата ќе стартува бидејќи двајца ракометари ќе истрчаат на терен во различен дрес.

Ракометарот кој имаше голема улога во обезбедувањето на титулите во 2019 година за Вардар во Лигата на шампионите и СЕХА лигата, Сташ Скубе сега ќе се појави на терен во дресот на Мешков Брест.

Меѓутоа и во дресотна Вардар има поранешен играч на Мешков Брест. Станува збор за деенсото крило Дарко Ѓукиќ. Тој во сезоната 2018/19 играше за Мешков Брест, а тогаш Скубе беше во Вардар.

Оттаму и овој дуел ќе предизвика внимание така што ќе се очекува да се види кој од нив ќе биде поуспешен денеска.