Ѓукиќ: Еурофарм Пелистер е на нивото на Вардар, а сите знаеме што значи Вардар во Европа

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре гостуваат во Унгарија каде што против составот на Татабања ќе се борат за нови бодови во Групата Д од Лигата на Европа.

Ова ќе биде тешко гостување, а и во тимот на Татабања се подготвени и внимателни бидејќи и тие ги посакуваат бодовите за пласман во осминафиналето од Лигата на Европа.

„Нѝ претстои тежок натпревар на кој ќе играме против ривал кој е на нивото на Вардар, а добро е познато кој е Вардар во европскиот ракомет. Сезонава тимот на Еурофарм Пелистерт го освои трофејот во Супер купот на Македонија, а во првенството загуби само еднаш и тоа на гостувањето во Скопје против Вардар. Во моментов Еурофарм Пелистер е на 2. место во Групата Д и денеска нашиот противник сигурно ќе тргне со сите сили за да дојде до победата. Станува збор за добро изменаџирана екипа со одличен тренер, силен тимски дух и многу млади таленти, но и искусни играчи. Знам дека против нас ќе се борат до последен момент. Ако сакаме да се натпреваруваме ќе мораме да влеземе во натпреварот со силна волја, карактер и трпеливост. Само така можеме до победа“, изјавува Драган Ѓукиќ пред утрешниот дуел против Еурофарм Пелистер.

Натпреварот утре се игра од 18:45 часот, а за битолчани ова е многу важен натпревар бидејќи уште постојат шанси за освојување и на првото место во групата.