Ѓорѓиевска ја водеше Магура до убедлив триумф

Тимот на Магура Чиснадие каде што настапува капитенот на македонската репрезентација, Елена Ѓорѓиевска, оствари убедлив триумф во романскиот шампионат.

Магура славеше на гостувањето кај Стинта Букурешт со 11 погодоци разлика, 19-30, а на полувреме беше 8-17.

Ѓорѓиевска беше втор стрелец во тимот и успеа да постигне пет погодоции во мрежата на противникот.

Слатина на Елена Ливриниќ загуби на гостински терен кај составот на Залау со 24-20, а македонската репрезентативка даде еден гол.