Ѓорѓиевска го наполни голот на ЧСМ Букурешт, Ливриниќ втор стрелец против екс тимот

Во рамките од 26. коло од Романската лига во женска конкуренција, Глорија Бузау го доби дерби натпреварот против Рапид Букурешт со 26:23.

Иако ракометарките на Глорија Бузау имаа лошо прво полувреме, сепак, во вториот дел стигнаа до важни бодови.

Елена Ливриниќ пружи солидна партија против составот на Рапид Букурешт и натпреварот го заврши како втор стрелец во Бузау со пет голови. Нејзината колешка, Ангела Јанушевиќ беше незапирлива на теренот и постигна 14 гола од 16 обиди.

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Елена Ѓорѓиевска и нејзината екипа, Магура Чиснадие беа поразени од ЧСМ Букурешт со само еден гол разлика, 26:25.

Ѓорѓиевска беше најефикасна во својата екипа со осум гола, но немаше голема поддршка од своите колешки.