Ѓорче Петров со пресврт освои полн плен во Чаир

Во натпревар од 8. коло од плеј-оф фазата од Женската лига, Ѓорче Петров на гостувањето во Чаир запиша победа, со резултат 25:30, во натпревар со две различни полувремиња.

Гостинките од Ѓорче Петров натпреварот го започнаа во грч и со неколку технички грешки му овозможија на домашниот тим да има фуриозен старт. Ракометарките на Басри Љатифи имаа водство од 3:1 во воведниот дел. Предноста од два гола на домаќинките беше надоградена во 10. минута кога Гулицоска зголеми на 5:2. Истата ракометарка една минута подоцна го донесе највисокото водство на Чаир од плус четири, 6:2.

Тренерот на Ѓорче Петров, Симе Симовски мораше да побара тајм-аут, со цел неговите избранички да заиграат поангажирано во напад и одбрана. Ракометарките на Ѓорче Петров со два гола во низа намалија на 6:4, но во следниот период Чаир на двапати имаше успешна реализација преку Дукоска за 8:4. На голот на Чаир, Магдалена Којовиќ бранеше одлично и беше најголемиот виновник за водството на нејзината екипа. Чаир успеа да воспостави контрола во последниот период и на полувреме замина со предност од два гола разлика, 11:9.

Ѓорчепетровки заиграа во побрз ритам и беа во игра за освојување на бодовите бидејќи имаа негатива која лесно можеа да ја анулираат. Второто изедначување на натпреварот се случи во 36. минута кога гостинките дојдоа до 13:13. Серијата на Ѓорче Петров, која беше 6:0, резултираше со комплетен пресврт во 40. минута и водство на гостинскиот тим од 17:13.

На петнаесетина минути пред финишот предноста на Ѓорче Петров беше три гола разлика, 20:17. Чаир се обидуваше да се врати во игра, но немаше доволни сили за камбек на натпреварот. Ѓорче Петров рутински го одработи завршниот дел и дојде до посакуваните бодови, со кои останува во игра за шампионската титула.

Во 48. минута поради три исклучувања црвен картон заработи ракометарката на Чаир, Сашка Филипоска. Најефикасна во победничката екипа беше Милица Николиќ со девет погодоци. Кај Чаир се истакнаа Теодора Гулицоска со седум и Теодора Дукоска со шест гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ14121137
2КУМАНОВО14101331
3ЧАИР14100430
4ВАРДАР1481525
5ПЕЛИСТЕР 20121442814
6СТРУЖАНКА1411124
7ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1411124