Ѓорче Петров запиша рутински бодови против Пелистер

Ракометарките на Ѓорче Петров во рамки од 9. коло од плеј-оф фазата беа убедливи против Пелистер и славеа со 15 гола разлика, 36:21. Тренерот на домаќинките, Симе Симовски, на овој натпревар шанса им даде на ракометарките со помала минутажа, кои целосно ја оправдаа неговата доверба.

Пелистер успеа да парира до првата половина од првиот дел кога на моменти имаше и резултатска позитива. По водството на гостинките од 8:6, следуваше незапирлива серија на домаќинките од 8:0 за комплетен пресврт, односно водство на екипата на Ѓорче Петров од 14:8. На полувреме, домашниот состав замина со солидна предност од 17:12.

Во второто полувреме немаше никаква неизвесност бидејќи домаќинот ја имаше целосната контрола на терен. Се разиграа Василева, Белевска, Ѓорѓиевска, а одличната Николиќ продолжи да ја полни мрежата на гостите. Битолчанки се обидуваа да дојдат до помала резултатска негатива, но на крај си заминаа со висок пораз од денешното гостување.

Најефикасна во Ѓорче Петров беше Милица Николиќ со десет погодоци. Во поразениот табор се истакнаа Кристина Наумовска и Марија Јанкуловска со по четири гола.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ14121137
2КУМАНОВО14101331
3ЧАИР14100430
4ВАРДАР1481525
5ПЕЛИСТЕР 20121442814
6СТРУЖАНКА1411124
7ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1411124