ЃОРЧЕ КУП 2021: „Лавиците“ од Ѓорче Петров преку Вардар доминантно до трофеј!

Ракометарките на Ѓорче Петров и Вардар од одлична атмосфера одиграа борбен и неизвесен натпревар во финалето од првиот „Ѓорче Петров Куп“. Победник на турнирот е екипата на Ѓорче Петров која славеше во финалето со 28:23.

Вардарки подобро го започнаа натпреварот и отворија со 2:0, но нивното водство траеше кратко и Ѓорче Петров израмни многу брзо. Голманката имаше неколку одлични интервенции меѓу кои два седмерци па домашната екипа после шест минути игра имааше преднсот од 4:2.

Во продлжение се играше израмнето со менување на водството на екипите, но само со гол предност до средината на првиот дел. Во 15. минута Ѓорче Петров повторно имаше два позитива 8:6, а тренерот на Вардар Драгана Ристова повика минута одмор и не дозволи противникот да се одлепи.

Вардарки уште еднаш се вратија и стигнаа до израмнување, во завршните пет минути се влезе со 12:12, а ракометарките на Ѓорче Петров подобро се снајдоа и обезбедија водство. После 30 минути игра домаќинките на турнирот водеа 16:14.

Почетокот на второто полувреме донесе прво поголемо водство на една од екипите. Ѓорче Петров со два гола веќе имаше четири преднсот од 18:14, за веќе во 38. минута да биде 22:17. После тајм-аутот на Вардар следуваше период од пет минути без гол да двете страни.

Ѓорче Петров поведе со 23:17, но следуваше период од шест минути без погодок што Вардар го искористи и се доближи на 23:20. Вардарки имаа шанса во три напади по ред да погодат за минус два, но тука беше втората голманка на Ѓорче Петров, — која со три интервенции од зицер позиции ги спречи противничките.Во последните пет минути Ѓорче влезе со пет предност што беше доволно за конечен триумф.

Најефикасна во победничкиот тим на Ѓорче Петров беше Симона Стојановска со десет погодоци, а Ана Марија Коларовска беше втор стрелец со осум гола. Во составот на Варадар најпрецизна беше Сара Миновска со осум гола.