ЃОРЧЕ КУП 2021: Вардар го сруши српскиот шампион Јагодина!

Ракометарките на Вардар имаа победнички старт на турнирот „Ѓорче Петров Куп“, откако славеа над српскиот шампион Јагодина со 25-24.

Избраничките на Драгана Ристова диктираа игра во првиот дел, водеа во повеќе наврати и со плус четири, но попуштија на крајот на полувремето, кога српските ракометарки по 15-12, направија комплетен пресврт и на пауза се замина со 15-16.

Во вториот дел Јагодина водеше со два гола, 16-18, но вардарк набрзина се вратија, израмнија на 18-18 и потоа се играше гол за гол.

Се влезе во драматичен финиш, кога секој гол и секоја одбрана беше клучен. Јована Трајковска одбрани еден удар на гостинките, па нејзините колешки реализираа успешен напад за 25-24 во последната минута.

Јагодина имаше напад, не реализираше, а вардарки ја задржаа топката до крајот за конечни 25-24. Најдобар стрелец беше Ивона Трпевска со десет гола, а пет даде Михаела Стојановска. Во српскиот тим се истакна Теодора Мајкиќ со шест погодоци.

Во првиот денешен натпревар на турнирот, составот на Чиле славеше против српскиот тим Бор со 26-24.