Ракометарките на Ѓорче Петров забележаа победа на гостувањето кај Металург со 23:18 под водство на новиот тренер Симе Симовски и тргнаа во отворањето на ново поглавје оваа сезона.
Иако тргнаа лошо во средбата и имаа негатива во првата половина од првото полувреме, сепак, на крајот успеаја да се радуваат во Автокоманда.
Металург отвори со 4:0 и се чинеше дека ја има контролата на натпреварот. Долго чуваше водството, но после 10:7 почна да паѓа ритамо. Гостинките полека почнаа да го пронаѓаат ритамот кој им е потребен за да може да се надеваат на успешен резултат и со 3:0 израмнија. Потоа при 11:10 за Металург дојде до нова серија од 3:0 за тимот на Ѓорче Петров и работите комплетно се сменија. Гостинките ја презедоа иницијативата и до заминувањето на одмор дојдоа до плус два. На одмор имаа 15:13.
Во вториот дел контролата на резултатот беше комплетна од страна на гостинките. Играа многу добро во одбраната, но така беше и од страна на домашните. Имаше мал број на погодоци што влијаеше на конечниот епилог и само 41 погодок на овој дуел. Резултатот во вториот дел беше 8:5 за ѓорчепетровки, но дефинитивно ова беше резултат кој покажува нови моменти во играта и сигурно со Симовски ќе биде поинаку во продолжение од сезоната.
МЕТАЛУРГ – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 18:23 (13:15)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Василевски и Блаже Михајлов од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.
МЕТАЛУРГ: Илјаз, Васева, Тодоров, Ѓошевска 1, Гугуљанова, Петреска,Ивановска, Коловска, Арсениевска 8, Младеновска 2, Т. Темелковска, М. Темелковска, Калајџиевска, Божиновска 5, Нестороска, Николиќ 2
Седмерци: 6/6, Исклучувања: 8 мин.
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Антиќ, Кицеска, Трпеска, петровска, Стојановска 5, Цветковска,А. Велкова, Ѓорѓиевска 1, Василева 3, Урбан, Белевска 2, Коларовска 1, Јанкуловска 11, И. Велкова, Цветановска 1
Седмерци: 5/5, Исклучувања: 10 мин.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА Б
ТАБЕЛА