Орешков блесна и даде 17 гола, Вардар Неготино лесно се справи со Преспа

Тимот на Вардар Неготино славеше против Преспа со 37-22 во првиот натпревар од 22 коло во прволигашката конкуренција.

Предвоник на неготинци во убедливата победа беше Ѓорѓи Орешков, кој постигна 17 погодоци во противничката мрежа.

На полувремето, Вардар Неготино водеше со десет гола, 18-8, а потоа лесно го одработи второто полувреме.

Покрај Орешков во победничкиот тим по четири гола дадоа Петров и Ѓорѓев, додека најдобар кај Преспа беше Ристевски со осум погодоци.