Тасески: Ако ни се пружи шанса за финале – ќе ја искористиме!

Ракометарите на Охрид веќе се во Струмица, каде одржаа тренинг пред полуфиналето од Купот на Македонија против Еурофарм Пелистер.

Охриѓани со голема доверба влегуваат во оваа пресметка, откако покажаа дека и во Битола можат да им парираат на пелистерци.

Кружниот напаѓач Иван Тасески го најави мечот со битолчани и потенцира дека ако им се укаже прилика ќе биде искористена.

„Во петок го играме полуфиналниот натпревар од Купот на Македонија против екипата на Пелистер. Атмосферата во клубот е одлична. Сите играчи ќе го дадеме максимумот и доколку ни се пружи шанса како во Битола ќе гледаме да ја искористиме и да се радуваме на финале во Купот. Имавме доволно време да се одмориме по мечот во Битола, тоа добро ни дојде во екипата и сега сме подготвени да одиграме уште еден добар натпревар“, изјави Тасески.

Натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер се игра во салата „Парк“ во Струмица од 17:00 часот.