Тимот на Вардар испрати празнична честитка до своите навивачи по повод големиот христијански празник Велигден.
Ракометарите на Вардар преку социјалните мрежи споделија пригодни фотографии, на кои се гледа одличната атмосфера во тимот за време на празничните денови.
Во кратката објава, „црвено-црните“ им посакаа здравје, среќа и радост на сите што го слават празникот.
„Среќен Велигден од црвено-црното семејство! Нека празникот ви донесе мир, љубов и многу радост во вашите срца“.
Во меѓувреме, вардарци се целосно фокусирани на обврските во домашното првенство, каде што се лидери на табелата и сигурно чекорат кон освојување на шампионската титула.
























