Ракометарките на Вардар прославија триумф во интересен натпревар над Астибо со 37-36, но можеа во финишот да направат од „готово-вересија“.
Домаќинките водеа со пет голови во повеќе наврати во првиот дел, но штипјанки не се откажуваат од камбек во натпреварот.
На паузата беше 23-19 во корист на Вардар, но во второто полувреме „црвено-црните“ дами останаа без Нина Попова, која доби црвен картон по трите исклучувања.
Астибо полека ја топеше негативата, не само што стигна до реми, туку и поведе со еден погодок, 29-28, а беше и 34-33 на осум минути до крајот.
Но голманката Илиќ, која блесна на овој натпревар со 17 одбрани, беше клучен играч во домашната победа, погодија Трифуновска и Попова на два пати, па беше 37-35 на минута до крајот и немаше време за нешто повеќе за Астибо.
Покрај Илиќ со 17 одбрани, во победничкиот тим се истакнаа Трифуновска со осум и Миленкоска со шест погодоци, додека кај Астибо, Анголката Ксавиер се истакнаа со 11 гола.
На табелата Вардар е на четвртото место со 22 бода, додека Астибо остана на седмата позиција со 11 бодови.

























