Ѓер со нова стратегија, подмладен во трка по нови трофеи

Шампионот на Унгарија, Ѓер преку својата клупска страна го промовираше новиот тим за следната сезона.

Со новиот тренер, Амброш Мартин, подмладениот тим на Ѓер ќе се обиде да се задржи меѓу најдобрите во европскиот ракомет.

Во Ѓер остануваат Вероника Кристијансен, Ане Мете Хансен, Амандин Лејно, Стине Офтедал, Лукач Викторија, Лаура Глаузер, Силје Солберг и Естел Нзе Минко.

Јелена Деспотовиќ, Хафра Ноеми, Крина Пинтеа, Лин Блум, Надин Шатцл и Руј Еун се новите ракометарки во Ѓер од следната сезона.

Од Ѓер заминуваат и Едуарда Аморим, Беатрис Едвиж, Аманда Куртовиќ, Анита Горбич ( завршува играчка кариера) и тренерот Габор Дани.