Ѓер пак се спаси од пораз, Будуќност доживеа дебакл во Данска

Ракометарките на Брест и Ѓер одиграа вистински дерби натпревар и до крај неизвесен во третото коло од Лигата на шампионите, на крајот двете екипи мораа да се задоволат со по еден бод.

Натпреварот заврши нерешено 25:25 после голема борба од првата до последната минута. Брест поведе со 2:0, но потоа до крајот на првото полувреме не успеа да се одлепи. Ѓер иако постојано беше во негатива тоа беше минимално. По првите 30 минути беше 12:12.

Унгарскиот тим подобро го започна вториот дел, за првпат го презема водството но тоа траеше многу кратко. Брест успеа брзо да се разбуди во продолжението и после 16:16, го врати водството во своја полза кое успешно го одржуваше до последните минути. Сепак домаќинките не издржаа до крајот за да стигнат до голема победа иако имаа и пет гола позитива.

Најефикасна во редовите на Брес беше Ана Грос со десет гола, додека во тимот на Ѓер по четири постигнаа Лукач, Минко и Хансен. Ѓер слично како против ЦСКА Москва и сега се спаси од сигурен пораз во финишот на мечот.

Во вториот меч од денешната програма екипата на Оденсе беше сигурна на свој терен против Будуќност и славеше победа од 30:21. Уште по првиот дел домашните имаа убаво водство од 12:8, кое во второто полувреме само го зголемија и стигнаа до сигуна победа.

Да Силва со осум гола го предводеше Оденсе до победата, а во екипата на Будуќност најмногу сеи истакнаа Лекиќ и Мехмедовиќ со по пет погодоци.