Ѓер од готово си направи вересија, но ја доби драмата со Есбјерг

Унгарскиот гигант Ѓер со победата над Есбјерг од 28:27 (16:9) го освои бронзениот медал на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите за оваа сезона.

Ракометарките на Ѓер одиграа одлично во првото полувреме, во кое целосно го надиграа Есбјерг, кој после вчерашниот несреќен пораз од Ференцварош, делуваа немотивирано во првите 30 минути.

Ѓер на полувреме замина со предност од 16:9 и од готово направија вересија, бидејќи Есбјерг во вториот дел се врати во игра.

Откако Ѓер имаше предност од 18:9, потоа и од 20:13, следуваше серија од 5:0 на Есбјерг и резултатот во 43-та минута беше 20:18 за поранешниот европски шампион.

Кризата во таборот на Ѓер беше прекината со голот на репрезентативката на Словенија, Ана Грос, која зголеми на 21:18, но избраничките на Јеспер Јенсен набрзина постигнаадва гола во низа, дојдоа до 21:20, а неколку минути подоцна, односно во 48-та конечно успеаја да изедначат на 22:22.

Во последните десет минути се играше гол за гол и само еден шут одлучуваше кој ќе дојде до посакуваното трето место. На минута пред крајот беше 29:28 за Ѓер, а Есбјерг на неколку секунди пред крајот имаше шанса да израмни, но искусната Рајстад погреши.