Ѓер заглави два дена на аеродром во Виена – од авион ќе оди на двобој со Будуќност

Ракометарките на Ѓер имаат недела која сигурно ќе сакаат што поскоро да ја заборават.

По поразот во Лигата на шампионите од Рапид Букурешт минатата недела во ЛШ и загубеното дерби од Ференцварош во Унгарија, вчера имаа уште едно непријатно изненадување пред мечот со Будуќност.

По патот со автобус од Ѓер до Виена, полетаа за Подгорица, но поради лошите временски услови, авионот не слета и се врати назад во Виена во текот на вчерашниот ден.

Денеска е најдена алтернатива и би требало да полетаат и да пристигнат околу 15 часот во црногорската престолнина.

Мечот со Будуќност, кој треба да го судат Македонките Силвана Карбеска и Марија Илиева, беше закажан од 18:00 часот, но во координација со ЕХФ е поместен за 20:00 часот во „Морача“.

Дали уморот и двата порази по ред ќе бидат уште поголем проблем за Ѓер и тренерот Амброш, останува да видиме вечерва.