Ѓаволот ја однесе шегата – Загреб враќа ветеран од пензија за дуелот со Вардар

По лошо одиграните пријателски натпревари пред стартот на сезоната и катастрофалниот пораз од ПИК Сегед со десет голови разлика, 35-25, раководството на Загреб реши да донесе уште еден ракометар.

Игор Вори не е задоволен од партиите на голманите Дарко Јандриќ и Матеј Ашанин, па затоа реши да го врати од пензија искусниот чувар на мрежата Радивоје Ристановиќ.

Тој бранеше во минатата сезона за Загреб, но реши да ја заврши кариерата. Сепак, Вори и раководството на хрватскиот првак го премислија, па тој ќе продолжи да брани за „плинарите“ и да му помогне на тимот.

Загреб е ривал на Вардар во полуфиналето на СЕХА лига што ќе се одигра на 4 септември од 20:30 часот во Задар.