Шундовски тргна со победа со Ал Рајан

Екипата на Ал Рајан каде што тренер е Звонко Шундовски се наоѓа на 4. место со три победи и два порази се наоѓа на 4. позиција. Овој тим дојде до победа на последниот меч против Ал Сад на домашен терен со 32:28 така што се избори за важни бодови.

Ова беше деби натпревар за Шундовски со оглед на фактот дека тој е тренер од летово, а првенството на Катар беше прекинато во февруари кога почнаа проблемите со коронавирусот. Со Шундовски тимот секако добива и на квалитет на клупата, па дефинитивно Ал Рајан најавува кандидатура за титула.

На табелата во најсилната лига на Катар пред Ал Рајан се наоѓаат тимовите на Ал Вакра (четири победи и пораз), и Духаил и Ал Араби (двете по три победи, реми и пораз).