Шундовски: Да ја вратиме двојната круна во најракометниот град во Македонија

Данецот Ларс Валтер е минато за Еурофарм Пелистер, а на клупата на битолскиот тим ќе седат Александар Јовиќ и Звонко Шундовски.

Тие денеска го имаа првиот тренинг со ракометарите на Еурофарм Пелистер кои немаат репрезентативни обврски.

Поранешниот селектор на Македонија, Звонко Шундовски, кој во Еурофарм Пелистер ќе биде тим-менаџер, ги истакна своите очекувања.

,,Jас сум тука да го поддржам битолкскиот ракомет најпрво, но и да му помогнам на Александар. Тука сме сите заедно да ја донесеме титулата во Битола. Многу од играчите доаѓаат од различни држави и можеби не разбираат на кој начин треба да ја вратиме титулата која ја нема долго време во Битола. Јас го следам клубот цело време, ги знам сите играчи и мислам дека се многу добри, но фали нешто, има некој мал проблем, за кој сме дојдени да го пронајдеме и решиме. Но и Вие, играчите, треба да помогнете да ја вратиме двојната титула во најракометниот град. Знаеме дека имаме малку време, ќе направиме што можеме да успееме во целите до крајот на сезоната“, изјави Шундовски.

Во регионалната конкуренција, битолчани на домашен терен на 14 март го пречекуваат тимот на Нексе Нашице.

Мечот се игра во „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:00 часот, додека следниот викенд на програмата се натпреварите од Купот на Македонија.

Започна новата ера во Еурофарм Пелистер (ФОТО)