Започна новата ера во Еурофарм Пелистер (ФОТО)

Данецот Ларс Валтер е минато за Еурофарм Пелистер, а на клупата на битолскиот тим ќе седат Александар Јовиќ и Звонко Шундовски.

Тие денеска го имаа првиот тренинг со ракометарите на Еурофарм Пелистер кои немаат репрезентативни обврски.

Официјалната промоција на новите лица во клубот ќе биде утре, додека првиот тренерски предизвик ќе го имаат во СЕХА лига.

Во регионалната конкуренција, битолчани на домашен терен на 14 март го пречекуваат тимот на Нексе Нашице.

Мечот се игра во „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:00 часот, додека следниот викенд на програмата се натпреварите од Купот на Македонија.