Колку може да заработат екипите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа?

Реформата на системот на натпреварување во Лигата на шампионите и Лигата на Европа од сезоната 2026/27 носи и промени во финансиските награди. Најголема добивка ќе имаат најуспешните клубови во елитното натпреварување, бидејќи новиот систем овозможува европскиот шампион да заработи до 850.000 евра во една сезона.

Во групната фаза на Лигата на шампионите клубовите ќе добиваат 10.000 евра за секој натпревар, односно 60.000 евра за шесте меча. Дополнително, секој освоен бод ќе носи уште 5.000 евра.

Новината е што групната фаза сега ќе има само шест натпревари, наместо 14 како во претходниот формат.

Двете најдобри екипи од секоја група ќе продолжат во главната рунда, каде што ќе се играат осум натпревари. Надоместокот повторно ќе биде 10.000 евра по натпревар, додека секој освоен бод ќе носи 6.250 евра.

Во четвртфиналето победата ќе се наградува со 15.000 евра, а ремито со 7.500 евра. Тимот кој би стигнал до Ф4 со максимален учинок, според новиот систем, би можел да заработи 350.000 евра пред завршниот турнир.

На завршниот турнир наградите се значително зголемени:

🏆 Шампион – 500.000 евра
🥈 Финалист – 375.000 евра
🥉 Трето место – 250.000 евра
4️⃣ Четврто место – 125.000 евра

Максималната можна заработка во една сезона од Лигата на шампионите ќе достигне 850.000 евра.

За споредба, минатата сезона Барселона како европски шампион инкасираше вкупно 638.000 евра, односно само 10.000 евра помалку од тогашниот максимум од 648.000 евра.

Разликата меѓу двете натпреварувања и понатаму е огромна.

Во Лигата на Европа клубовите ќе добиваат 3.000 евра по натпревар, додека секој освоен бод ќе носи 1.000 евра. Бонусот за бод во групната фаза е зголемен од 500 на 1.000 евра.

Екипа која би го минала целиот пат со максимален учинок би можела да заработи 60.000 евра до завршниот турнир, а со освојување на трофејот максималната заработка би достигнала 160.000 евра.

Наградите на завршниот турнир на Лигата на Европа ќе изнесуваат:

🏆 Шампион – 100.000 евра
🥈 Финалист – 75.000 евра
🥉 Трето место – 50.000 евра
4️⃣ Четврто место – 25.000 евра

Со реформата ЕХФ дополнително го зголемува финансискиот јаз меѓу двете најквалитетни европски клупски натпреварувања, а најголем мотив ќе имаат клубовите кои ќе успеат да стигнат до самиот врв во Лигата на шампионите. Паричните награди во европските купови ракометот остануваат најмали во споредбата со другите екипни спортови.