Што нè очекува на Ф4 во СЕХА: Познати клубови, но и четири тренери дебитанти

Од 4 до 6 септември во Задар ќе биде одигран деветтиот Ф4 турнир на кој тимовите на Вардар и ППД Загреб ќе продолжат со игрите. Тоа се единствените две екипи кои досега играле на сите завршни турнири. Друштво ќе им прават Веспрем и Мешков Брест, кои ќе се соочат во првото полуфинале во петок.

Четирите учесници се добро познати бидејќи веќе трипати беа заедно во трка по пехарот бидејќи играа и во 2015, 2016 и 2017 година.

Сепак, има и еден интересен момент кој вели дека ниту еден од четирите тренери досега нема водено екипа на Ф4 турнир. На клупата на четирите полуфиналисти се наоѓаат: Стевче Алушовски (Вардар), Игор Вори (ППД Загреб), Давид Дејвис (Веспрем) и Раул Алонсо (Мешков Брест).

Има и уште неколку интересни факти поврзани со турнирот во Задар.

-На ниту еден од 76 натпревари од оваа сезона немаше нерешен резултат за разлика од двата од претходната сезона.

-Првпат во историјата на СЕХА играа 12 екипи, а исто така првпат регуларниот дел се играше во две групи и се играше и плеј-оф и четврт-финале.

-Три земји беа дебитанти со свои претставници и тоа: Русија, Кина и Украина.

-Еурофарм Пелистер беше меѓу четирите екипи дебитанти. Другите три екипи се: Пекинг Универзитет, Спартак Москва и Мотор Запорожје.

-Само четири екипи се дел од почетокот на СЕХА лигата. Станува збор за Вардар, ППД Загреб, Татран Прешов и Нексе.

-Задар е седмиот град кој ќе биде домаќин на Ф4 во СЕХА. Претходно натпреварите се играа во: Загреб, Скопје (двапати), Нови Сад, Веспрем, Вараждин и Брест (двапати).

-Досега во СЕХА продефилирале ракометари од 29 различни клубови.

-48 пати на 76 натпревари (групна фаза, плеј-оф, четврт-финале) победуваа тимовите кои се домаќини.

-81 гол беше најмногу што беше постигнат на натпреварите досега. Тоа се случи на дуелот Вардар-Мотор Запорожје, кој заврши со резултат 44:37.

-Никита Вајлупов беше најефикасниот играч сезонава. Тој постигна 103 гола.

-Во текот на сзоната 2019/2020 бе апостигнати вкупно 4215 гола. Од нив 1698 беа во групата А, 1707 во групата Б, 432 во плеј-офот и 378 во четврт-финалето.