„Што ако надвор е -11, најважно е што победивме“ (ФОТО)

Еурофарм Пелистер славеше над данскиот ГОГ Гудме со 32-31 во осмото коло од Лигата на Европа и се наоѓа на чекор до осминафиналето во ова натпреварување.

Најновото засилување на битолчани, Карим Хендави, можеби немаше толку одбрани како на дуелите со Татабања, но заедно со капитенот Чаневски, успеаја во клучни моменти да одбранат зицери и пенали.

Египќанецот веднаш стана миленик на симпатизерите на битолскиот клуб, а по мечот се ГОГ се огласи на социјалните мрежи. Веројатно не е навикнат на толку ладно време и снег.

„Што ако надвор е -11, најважно е што победивме“, напиша Хендави на Инстаграм.

Следен предизвик за „фармацевтите“ е натпреварот со германскиот Рајн Некар Левен на 23 февруари.