Штериова се враќа во Браила: Имам убави спомени тука

Maкедонскиот лев бек, Марија Штериова се враќа во Браила после четири години.

Браила беше првиот клуб на Штериова во Романија и тука пристигна во 2017 година. По потписот Штериова изрази големо задовлство што се враќа.

„Со задоволство ја прифатив понудата на Браила да се приклучам на овој спортски проект со големи амбиции. Среќна сум што се враќам во градот каде што го започнав прекрасниот пат во Романија. Со нетрпение чекам да ги видам навивачите во салата во голем број. Имам убави спомени и сакам да уживаме заедно“, изјави Штериова по потпишувањето на договорот.

Во редовите на Браила Штериова пристигна од Глорија Бузау, клуб во кој настапуваше од 2020 година. Покрај овие два романски клуба Штериова настапуваше уште за Баиа Маре, Кастамону, Волда, Фехервар и Ваци НКСЕ во странство, додека во Македонија кариерата ја започна во Еуростандард Ѓорче Петров, па продолжи во Жито Прилеп и ЖРК Вардар.