Шпанците немаат многу време, почнаа со подготовки за женското СП 2021

Во декември во 2021 година Шпанија ќе биде домаќин на Светското првенство во женска конкуренција, а еден од градовите каде што ќе се играат натпревари е Грањолерс.

За таа цел како што објави на својот сајт градот Грањолерс почна со реконструкција на салата „Палата на спортовите“.

Реконструкцијата ќе се состои од две фази. Во првата ќе биде опфатена подлогата која ќе биде целосно променета. Втората фаза ќе биде реконструкција на трибините. Тие ќе бидат подвижни што ќе овозможи повеќе простор околу теренот.

Работите за оваа реконструкција на салата се очекува да трааат околу пет месеци, а градот Грањолерс ќе потроши 700 илјади евра. Ова е одлична вест и за еден од подобрите тимови во Асобал лигата кој ќе има уште подобри услови за работа и натпревари.