Шпанскиот дуел за Ла Риоха, Лемго со пресврт до победа на Исланд

Екипата на Спортинг забележа убедлива победа против Холстебро со 31:25 и се доближи на чекор до пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Исто така и француски Тулуз после првиот натправар обезбеди добра позитива пред реваншот со Малме откако славеше со 30:24.

Интересен и до крај неизвесен натпревар се одигра на Исланд, каде што Валур беше домаќин на Лемго и во финишот загуби со минимални 26:27. Во првото полувреме се играше ефикасно, а Валур водеше 17:14. Меѓутоа во вториот дел бундеслигашот успеа да направи пресврт и да стигне до победа со која е многу блиску до групната фаза.

Во шпанскиот дуел екипата на Ла Риоха обезбеди предност од четири гола пред реваншот откако славеше 34:30 против екипата на Адемар. Уште по првиот дел домашниот тим имаше водство од 20:15 кое го сочуваа до крај.

ЛИГА НА ЕВРОПА, КВАЛИФИКАЦИИ

РЕЗУЛТАТИ

ЛА РИОХА – АДЕМАР 34:30 (20:15)

СПОРТИНГ – ХОЛСТЕБРО 31:25 (18:14)

ТУЛУЗ – МАЛМЕ 30:24 (14:11)

ВАЛУР – ЛЕМГО 26:27 (17:14)