Шпанија и Франција со триумфален старт на патот до ЕП во Македонија

Во рамките од првото коло од квалификациските натпревари за настап на Европското првенство 2022 година кое ќе се одржи во Македонија, Словенија и Црна Гора, победа забележаа и репрезентациите на Шпанија и Франција.

Шпанија беше подобра од Словачка со 33:28, во рамките од квалификациската група 5. Шпанките со голема борба ги освоија бодовите бидејќи репрезентацијата на Словачка во второто полувреме рамноправно се носеше со искусниот состав на Шпанија. На моменти, ракометарките на Шпанија имаа само гол предност, а до самиот крај, односно во последните десет минути успеаја да го скршат отпорот на противникот и да дојдат до посакуваната победа.

Франција во натпреварот со Чешка славеше со убедливи 38:22 во рамките од четвртата квалификациска група. Овој дуел за Французинките беше само загревање за натпреварот на 10 октомври против репрезентацијата на Украина.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2022

1 КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА 1

ПОЛСКА – ЛИТВАНИЈА 36:22 (22:12)
РУСИЈА – ШВАЈЦАРИЈА 26:22 (13:17)

ГРУПА 2

РОМАНИЈА –  ФАРСКИ ОСТРОВИ 26:19 (15:14)

ГРУПА 3 

ХОЛАНДИЈА – БЕЛОРУСИЈА 38:27 (21:16)

ГРУПА 4

ФРАНЦИЈА – ЧЕШКА 38:22 (19:12)

ГРУПА 5

УНГАРИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 34:24 (17:15)
ШПАНИЈА – СЛОВАЧКА 33:28 (17:11)

ГРУПА 6

СРБИЈА – ТУРЦИЈА 36:17 (21:13)