Шпанија игра супер-атрактивно: Неверојатен погодок на Анхел Фернандез, цепелини, асистенции… (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шпанија која е бранител на титулата на Европското првенство продолжи со одлична игра и атракции на мечот против Шведска на кој славеше 32:28.

Шпанците одиграа извондредна акција која ја круниса со гол Анхел Фернандез откако Тарафета го проигра одлично. Средниот бек асистираше за цепелин на левото крило, а Фернандез во скок шутираше зад грб и го совлада Паличка.

Но тоа не беше единствената атракција на овој натпревар, Фернандез реализираше уште еднаш после маестралната асистенција зад грб на Жоан Кањелас. Шпанците не запреа, а Фернандез беше безмилосен реализатор на цепелини откако погоди после асистенција на Гарсија. Во продолжение трите погодоци на Шпанија.