Шпанија во добра форма пред ОИ, повторно убедлива против Романија

Репрезентациите на Шпанија и Романија го одиграа својот втор меѓусебен пријателски натпревар кој Шпанките го добија со убедливи 32:19.

Шпанија беше доминантна во текот на целиот натпревар, па уште на полувремето ја имаше обезбедено победата кога водеше со 16:7. Во второто полувреме Шпанките одиграа рутински и стигнаа до победа со двоцифрена разлика.

Првиот натпревар кој го одиграа во петокот  во Сагунто овие ривали исто така го доби домашниот тим со 27:20.

Со победите против Романија во подготвителниот период Шпанија потврди дека е во добра форма пред настапот на Олимписките игри на кои во групната фаза ќе игра со Русија, Унгарија, Шведска, Франција и Бразил.