ШОК за Португалија, Смитс ја водеше Холандија до голем триумф!

Репрезентациите на Португалија и Холандија, кои за последен пат се сретнаа на Европското првенство во Унгарија и Словачка, денес ги одмерија силите во првиот натпревар од бараж двомечот за Светското првенство следната година, а на победа се радуваше репрезентацијата на Холандија, која славеше со резултат 30:33.

Воведниот дел од натпреварот започна со голема борба на двете страни. Домаќините во првите пет минути беа во водство од 1:0, 2:1 и 3:2. Гостите од Холандија со двата погодоци на левото крило, Бомхувер, направија серија од 2:0 и за првпат на натпреварот дојдоа до водство од 3:4. До 20. минута се играше гол за гол, додека во завршниот дел од првото полувреме, избраниците на Ричардсон беа подобриот противник на терен и на пауза заминаа со минимална предност од 16:17.

Португалија со голот на Магаљаеш во вториот дел израмни на 19:19 и во следниот период и двете репрезентации се менуваа во водство, па така резултатот најчесто беше нерешен. По нерешениот резултат од 22:22, Холанѓаните со серија од 3:0 се одлепија на 22:25 и беа многу блиску до осигурување на посакуваната победа, но на пет минути пред финишот Португалија повторно постигна гол за израмнување, 30:30. Холандија во последните минути успеа да го надмудри домаќинот и да дојде до поволен резултат.

Предводник во репрезентацијата на Холандија беше Кеј Смитс со десет погодоци. Прв стрелец во португалската репрезентација беше Виктор Итуриза со осум гола. Реванш натпреварот ќе се одигра на 17 април во Холандија.