Шок за Веспрем, „Кралот“ Лазаров и Нант ќе играат во Келн!

Ракометарите на Нант по вторпат во клупската историја ќе играат на завршниот турнир во Лигата на шампионите. На возвратниот дуел со Веспрем, Нант загуби со 32-30, но триумфот со 32-28 од првиот меч беше доволен за пласман на Ф4 во Келн.

Гостите отворија подоро. По 2-2 на стартот, Нант се одлепи на 2-5 преку Калваканти, Овничек и Балагер, a ja чуваше разликата до 8-10. Потоа Дејвис викна тајм-аут и Веспрем веднаш се врати во игра.

Израмни домаќинот на 10-10, а Маркусен и Ненадиќ, го однесоа и на плус два, 13-11. Нант падна малку во ритамот, немаше многу идеја во нападот, а Веспрем тоа го искористи и за првпат имаше плус три, 16-13.

Благотиншек доби црвен картон, но ниту тоа не беше пречка за домашниот тим да ја стигне негативата од првиот натпревар и да зголеми на 18-14. Сепак Пешмалбек погоди за 18-15 во последните секунди од првиот дел.

Веспрем имаше 20-16 на стартот на второто полувреме, но Нант набрзина се врати во игра и израмни на 20-20. Потоа се играше гол за гол, до 23-23, а унгарскиот првак ја стегна одбраната и не прими гол седум минути. По 27-25, Лазаров стрелаше во мрежата на Коралес, но домашните стигнаа до 31-28 и напад за плус четири.

Веспрем три пати не успеа да погоди, па Гурбиндо казни за 31-29. Манасков од позиција на брк набрзина стрелаше за плус три, 32-29, но и Лазаров беше прецизен за 32-30. Нилсен беше несовладлив на спротивната страна, а имаше да се игра само уште една минута, па славјето на Нант можеше да почне.

Лазаров постигна четири погодоци, додека најдобар во Нант беше Балагер со шест. Кај Веспрем, Манасков имаше два од два, а Ненадиќ даде најмогу – седум.