Шок за Веспрем во Загреб!

Хрватскиот првак ППД Загреб го направи најголемото изненандувањ во 8. коло на Б групата од ЕХФ лигата на шампионите победувајќи го фаворизираниот Веспрем со 29-26 (12-14). За Загреб ова е втор триумф сезонава, а прв за новиот тренер Славко Голужа со што хрватскиот тим се враќа во игра з аместо кое води во осминафиналето. Унгарците загубија „планирани бодови“, и сега веќе не се лидер на табелата препуштајќи му го тоа на ПСЖ.

Клучен период беа последните десет минути кога домашните ракометари од негатива 19-21 преминаа во водство 22-21. Но, тука не застанаа и со неколку напади по ред зголемија на 27-22 во 56 минута по грешките на Веспрем чии ракометари делуваа „дезоринтирано“ и со „почетнички грешки“. Веќе немаше време Веспрем да се врати во игра и мораше да му честита на Загреб за освоените бодови.

Загреб го имаше и расположениот голмана Дино Славиќ кој одбрани 14 топки од вкупно 37 упатени кон него во текот на средбата. На спротивната страна Коралес одбрани само пет топки.

Од самиот почеток на средбата Загреб најави дека сака да ги израдува своите навивачи, па поведе со 3-1, а потоа и со 5-2. Веспрем брзо се созема од почетниот шок израмнувајќи на 5-5, а пред крајот н аполувремето дури и поведе со 14-12. Делуваше дека Загреб нема да има сила да се спротистави, но второто полувреме го покажа спротивното. Кога Загреб тргна да ги користси шансите во последните 15 минути веќе делуваше како тим кој знае како да победи.

Карпо Сиротиќ со 6 гола го предводеше Загреб до вториот триум и имаше реализација 6/7. По четири голови постигнаа Клаирца, Срна и Додиќ. Кај гостите Јахија Омар постигна 7 гола исто колку и Андреас Нилсон.