Шок во последните секунди – тренерот го „одзема“ триумфот на својот тим (ВИДЕО)

Во првото коло од Бундес лигата најинтересниот и најнеизвесен натпревар го одиграа екипите на Лемго и Мелсунген, во драматичен финиш мечот заврши без победник 26:26.

Мелсунген беше на чекор до победата но на три секунди до крај Хутечек погоди за Лемго и израмни на 26:26. Гостите изведоа брз центар и Каи Хефнер ја погоди празната мрежа на противникот но момент пред тоа се слушна свирката на судиите за тајм-аут.

Тренерот Гудмундсон сигурно жали што побара минута пауза за да подготви акција. Потоа три секунди беа премалку за погодок и натпреварот заврши без победник.

Последните моменти може да ги погледнете во следното видео.