Шишкарев има коронавирус, ги пропушта завршните битки за ЕП

Поранешниот ракометар на Вардар, Данил Шишкарев, ќе ги пропушти последните две средби од квалификациите за Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Десното крило на Веспрем има коронавирус и затоа не се приклучи на соиграчите на тренинзите во Русија.

Русите веќе се на ЕП со шест бода од четири меча, па од двете средби со Фарски Острови ќе им доволна една победа за прво место.

Покрај Шишкарев, селекторот на Русија, Велимир Петковиќ, на овој собир нема да смета ниту на повредените Шкуринскиј и Житников, како и на Валиулин.

Во групата 3 се наоѓаат уште селекциите на Украина и Чешка.