Шест учесници, од нив пет со победа на Струшкиот турнир

Од денеска до недела на отвореното игралиште во Струга „Горан Попоски Бабец“ ќе се одржи 49. издание на Струшкиот турнир на кое шест екипи ќе се борат за победничкиот пехар.

Меѓу овие шест учесници има дури пет победници на претходните изданија така што ќе биде доста интересно иако е сосема извесно дека фаворити за пласман во финалето се Вардар и Еурофарм Пелистер.

И двата состави досега имаат по 12 титули, додека три круни има Металург. По еднаш шампионскиот трофеј на Струшкиот турнир го освојуваше домаќинот Струга и Тиквеш. Од учесниците само Бутел Скопје нема победа досега.

Досега се одржани 48 турнири, а титулата од лани ја брани Еурофарм Пелистер. Сите победници можете да ги видите во продолжение.

ВКУПНО ПОБЕДИ НА СТРУШКИОТ ТУРНИР

12 – Вардар, Еурофарм Пелистер

4 – Борац (Бања Лука)

3 – Металург, Т. К. Бренд, Металопластика

2 – Железничар, Шарт

1 – Струга, В. В. Тиквеш, Аски Анкара, Приштина, Сесон Рен, Целје, Аек