Шего дојде на подготовки во Загреб, но Монпелје уште не му дал дозвола

Првиот избор за голот на Хрватска, Марин Шего се наоѓа во голема неизвесност. Откако мина неколку дена на прегледи во Франција тој се приклучи на тренинзи на репрезентацијата, но прашање е дали ќе смее да настапи.

Повредата на коленото беше причина Шего да се задржи подолго во Франција, но засега нема информација од екипата на Монпелје дали успеал да го реши проблемот.

Она што е познато тој нема добиено зелено светло од страна на клубот за да им се приклучи на подготовките така што ќе мора да почека за да добие пред да патува со репрезентацијата на Мундијалот.

Тој пристигна веќе во Загреб, а информациите се дека нема да патува за Мадрид на дуелот против Шпанија од ЕХФ Евро купот така што на тој дуел на голот ќе бидат Мате Шунич и Иван Пешиќ.

Сепак, планот на Лино Червар е на Светското првенство да има три голмани за да не се препушта ништо на случајноста односно секогаш да има голман кој ќе биде подготвен да настапи доколку се укаже потреба за тоа.