Шебетиќ нема среќа – избега од војната, замина во Шпанија и на прв меч се повреди!

Хрватскиот ракометар Лука Шебетиќ премина од украински Мотор Запорожје во шпанскиот прволигаш Виверо Херол Нава, меѓутоа неговиот престој во Шпанија брзо се заврши.

Поради ситуацијата во Украина Шебетиќ како и други странски играчи побара нова средина и за негова следна дестинација го избра тимот на Виверо Херол Нава за кој како што стојат работите ќе одигра само еден натпревар.

Имено, шпанските медиуми пренесуваат дека Шебетиќ се повредил на првиот натпревар за Нава и тој ќе биде неговиот единствен одигран во дресот на овој клуб. Хрватот имал можност да остане во клубот и да чека да запише уште некој настап до крајот на сезоната, но не сакал да биде финансиски товар на клубот кога не може премногу да помогне.

Шебетиќ избрал да го прекине договорот и од повредата да се опоравува дома во Хрватска.